Лажни снимки од ајкули во Јамајка: Видеата од ВИ ги преплавија социјалните медиуми

46
Instagram.com/tomjohnsonreal

Снимки генерирани од вештачка интелигенција (ВИ) прикажуваат поплавени улици во Јамајка по ураганот Мелиса и ајкули како пливаат во плитка вода, објавија денес британските медиуми.

Клучна карактеристика на овие лажни снимки од последиците од ураганот Мелиса се ајкулите како пливаат низ поплавните води низ улиците на една јамајканска населба, објави Би-Би-Си.

Сепак, идејата за ширење лажни снимки од ајкули датира од пред најмалку 14 години, од ураганот Ирена, кога неколку медиуми беа измамени од лажни снимки од ајкули како пливаат по поплавените улици во Порторико.

Една од лажните снимки споделени на социјалните мрежи прикажува две грбни перки од ајкули во поплавните води кои брзаат кон крајбрежна населба.

На друга снимка се прикажани две ајкули во базен, а може да се чуе глас на маж како се жали дека ги оставил папучите во базенот.

ИЗДВОЕНИ