Жена осомничена дека се претставувала како регистрирана медицинска сестра е уапсена во Америка. Полицијата започна истрага откако шефовите на болницата го раскинаа договорот на Отумн Бардизе поради сомневања во нејзините квалификации.
Истражителите открија дека 29-годишната жена им пружила медицински услуги на 4.486 пациенти помеѓу јуни 2024 и јануари 2025 година.
„Ова е еден од највознемирувачките случаи на медицинска измама што некогаш сме ги истражувале“, рече шерифот на округот Флаглер, Рик Стели.
Бардизе работела во болницата „АдвентХелт Палм Коуст Парквеј“ во Палм Коуст, Флорида, од јули 2023 до јануари 2025 година.