Лажна бременост како параван: Уапсена Колумбијка со 5.600 дози кокаин

1114
screenshot video

Колумбиската полиција откри вознемирувачки нов метод на шверц на дрога. Во јавен автобус во Кали, полицајците уапсија 27-годишна жена која користела лажен труднички стомак за да прошверцува 5.600 поединечни дози кокаин.

Според полицискиот извештај, осомничената носел реална протеза од латекс дизајнирана да изгледа како труднички стомак. На прв поглед, се изгледало нормално, но при рутинска проверка, форензичарите се посомневале дека протезата е со неприродна форма. По детален увид, внатре пронашле дрога.

„Ова не е прв пат да се користи овој метод“, соопшти полицијата. „Но, количината на пронајдена дрога е запрепастувачка“.

Полицијата предупредува дека овој метод ги таргетира емоционалните реакции на луѓето. Бидејќи бремените жени ретко се подложуваат на темелно испитување, криминалците ја користат оваа предрасуда за да избегнат откривање.

„Кој би се посомневал во бремена жена? изјави полициски извор. „Токму на тоа сметаат криминалците“.

Според Daily Mail, овој метод на шверц не е изолиран случај. Според изјавите на колумбиската полиција, организираните криминални групи нарачуваат од странство висококвалитетни силиконски протези на труднички стомаци, кои потоа ги модифицираат за да ја сокријат дрогата внатре.

„Откако ќе пристигнат производите, полнењето се отстранува и кокаинот се става во протезата“, рече Карлос Овиедо, полициски командант во Кали. „Потоа тие најмуваат курири кои ги користат во јавен превоз“.

Истрагата се уште е во тек. Властите се обидуваат да утврдат дали жената дејствувала сама или е само алка во синџирот на меѓународниот шверцерски систем. Според информациите од полицијата, слични случаи неодамна се забележани и во други колумбиски градови.

Инцидентот предизвика шок и загриженост кај граѓаните, како и зголемени безбедносни мерки. Колумбиската полиција најави построга контрола на јавниот превоз, особено во регионите познати како транзитни точки за наркотици.

Сведоци сме на се пософистицирани методи на шверц“, предупредуваат властите.

Случајот уште еднаш покажа како нарко картелите се повеќе се потпираат на психолошка и социјална манипулација за да ги постигнат своите цели. Користењето бремени жени или нивните слики како покритие за шверц е сериозен предизвик за безбедносните служби, пишува Феникс магазин.

ИЗДВОЕНИ