Лице облечено во попска мантија викендов, на верскиот праник Задушница на гробиштата во Ѓорче Петров, се претставувал како свештеник и нудел да врши погребни обреди за пари.
Во објава на социјалните мрежи, случајот го посочи еден граѓанин, според кого при обид „попот“ да отпее погреб, на местото пристигнале неколку полициски службеници кои го привеле.

Настанот го потврдија и од Министерството за внатрешни работи.
На 01.11.2025 на гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје, постапувајќи по претходна пријава, од страна на полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров легитимиран е Б.П., кој извршувал верски активности. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Од Скопската епархија при МПЦ велат дека лицето е поранешен свештеник кој е одамна расчинет.












