Во полицијата во Неготино, 81-годишна жена пријавла дека била измамена за 3000 евра. Според пријавата, непознато лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ рекло дека нејзината ќерка наводно е во болница со скршеница и дека треба итно да се изврши оперативен зафат, за што треба да плати.
Жената ги оставила парите на договореното место, но подоцна сфатила дека станува збор за измама.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.












