Лазаров во проблеми, се повреди еден од клучните ракометари за настап на ЕП

182

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров, се соочи со првиот голем проблем во подготовките за настап на Европското првенство, во јануари наредната година.

Лазаров остана без услугите на кружниот напаѓач на РК Алкалоид, Валентин Карасманакис, кој го скрши прстот на шутерската рака и отпадна од комбинација за настап.

Лазаров веднаш реагираше и го повика Никола Маркоски, кој се приклучи на националниот тим.

Претходно Лазаров остана и без Милан Лазаревски, па на линијата од шест метри се Жарко Пешевски, Самоил Ристевски, Марко Стојковиќ и Михаил Аларов.

Македонија ќе игра пријателски со Хрватска во Пореч на 28 декември, како и со Швајцарија, Бахреин и Украина во Винтертур од 8 до 10 јануари.

ИЗДВОЕНИ