Ракометната репрезентација на Македонија ќе настапи на уште едно големо натпреварување овој јануари. Сега на „менито“ е Европското првенство, а селекторот Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари кои ќе конкурираат за настап.
Во изборот на селекторот има само двајца интернационалци, а тоа се голманот Мартин Томовски (Битигхајм), како и левиот бек со изразени дефанзивни карактеристики, Михајло Младеновиќ (Кретеј). Сите останати ракометари на списокот со 35 имиња доаѓаат од домашното првенство.
Поширокиот список на Македонија за ЕП: Голмани: Никола Митревски (Еурофарм Пелистер), Мартин Томовски (Битигхајм, Германија), Марко Кизиќ (Алкалоид), Иван Галевски (Алкалоид), Васил Гогов (Вардар 1961), Леви крила: Гоце Ојлески (Охрид), Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер), Иван Џонов (Алкалоид), Марио Стојановски (Вардар), Димитар Димитриоски (Прилеп), Десни крила: Никола Костески (Алкалоид), Ненад Костески (Алкалоид), Ален Ќосевски (Вардар), Александар Петковски (Алкалоид), Средни бекови: Игор Ѓорѓиев (Алкалоид), Марко Митев (Алкалоид), Дамјан Митев (Алкалоид), Марио Танкоски (Вардар), Мартин Ивановски (Алкалоид), Десни бекови: Мартин Серафимов (Алкалоид), Томислав Јагуриновски (Охрид), Филип Николов (Бутел Скопје), Мартин Велковски (Алкалоид), Давид Савревски (Охрид), Леви бекови: Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер), Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер), Емилијан Ѓоргоски (Алкалоид), Михајло Младеновиќ (Кретеил, Франција), Кружни напаѓачи: Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер), Милан Лазаревски (Вардар), Валентин Карасманакис (Алкалоид), Марко Стојковиќ (Алкалоид), Самоил Ристевски (Еурофарм Пелистер), Дефанзивци: Никола Маркоски (Алкалоид), Михаил Аларов (Алкалоид)
Македонија ќе се натпреварува во групата Б во Хернинг против домаќинот Данска, Романија и Португалија. Двете најдобро пласирани селекции обезбедуваат пласман во следната фаза.












