На списокот има вкупно 21 ракометар, 13-мина од нив се од Алкалоид. Од шампионот Е. Пелистер во составот на селекторот има шестмина ракометари, како и еден интернационалец и еден ракометар на ГРК Охрид. На списокот на резерви има четворица од РК Алкалоид и по еден од РК Охрид, РК Бутел и од РК Вардар. Боде очи фактот што на овој список не се најде и најдобриот млад ракометар за оваа сезона, избран неодамна од Ракометната федерација на Македонија (РФМ), десниот бек на РК Бутел, Димитар Узунчев

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави списокот со ракометарите на кои ќе смета за настап во подготовките за Европското првенство во 2026 година.

На списокот се најдоа 21 ракометар, а од нив само 18-мина ќе патуваат за Хернинг, каде што Македонија ќе ги игра натпреварите од групата. Ова значи дека од сегашниот список до почетокот на шампионатот на 15 јануари ќе бидат пречкртани уште тројца ракометари.

Но, уште поинтересно е тоа што на списокот на Лазаров се најдоа дури седумнаесетмина ракометари од РК Алкалоид, клубот каде што е тој и тренер. Од 17-мина играчи на РК Алкалоид , 13-мина се во составот за последните подготовки за настап на ЕП, а четворица се резерви. Од шампионот Е. Пелистер во составот на селекторот има шестмина ракометари, како и еден интернационалец и еден од ГРК Охрид. Во списокот на резерви има и по еден ракометар од ГРК Охрид, РК Бутел и од РК Вардар. Боде очи фактот што на овој список не се најде и најдобриот млад ракометар за оваа сезона, избран неодамна од Ракометната федерација на Македонија (РФМ), десниот бек на РК Бутел, Димитар Узунчев.

Помеѓу повиканите не е и кружниот напаѓач на Вардар, Милан Лазаревски. кој подолго време е надвор од терените поради повреда. На списокот, единствен што не настапува во домашното првенство е голманот Мартин Томовски.

Македонија ги почнува подготовките на 22 декември, а шест дена подоцна, во Пореч, против Хрватска ќе го игра првиот пријателски натпревар. Исто така, Лазаров ќе тестира и во Швајцарија, на „Жолт куп“, од 8 до 10 јануари.

Македонија ќе се натпреварува во групата Б во Хернинг, против домаќинот Данска, Романија и Португалија. Двете најдобропласирани селекции од групата ќе одат во следната фаза.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ. Голмани: Мартин Томовски (ББМ Битигхајм), Никола Митревски (Пелистер), Иван Галевски (РК Алкалоид): леви крила: Петар Атанасиевиќ (Пелистер), Иван Џонов (РК Алкалоид); десни крила: Ненад Костески , Никола Костески (РК Алкалоид); средни бекови: Марко Митев, Игор Ѓорѓиев, Мартин Ивановски (РК Алкалоид); леви бекови: Филип Кузмановски, Павле Атанасиевиќ (Пелистер), Дамјан Митев (РК Алкалоид); десни бекови: Томислав Јагуриновски (Охрид), Мартин Серафимов, Мартин Велковски (РК Алкалоид); пикери: Жарко Пешевски, Самоил Ристевски (Пелистер), Марко Стојковиќ, Валентин Карасманакис, Михаил Аларов (РК Алкалоид); резерви: Марко Кизиќ (РК Алкалоид), Гоце Ојлески (Охрид), Александар Петковски (РК Алкалоид), Марио Танковски (Вардар), Емилијан Ѓорговски (РК Алкалоид), Филип Николов (РК Бутел), Никола Марковски (РК Алкалоид). (С. Т.)

ИЗДВОЕНИ