„Лазаров феномен“: Го прогласиле за мртов, а тој ги отворил очите половина час подоцна!

221

78-годишен маж во Италија, кого лекарите го прогласија за мртов, се разбудил половина час подоцна, соопштија властите во неделата. Човекот од Тарквинија доживеал срцев удар. Болничарите првично се откажале од него, но набрзо хеликоптерот на итната помош се вратил за да го превезе во болница.

Додека чекал мртовечко возило, човекот наводно ги отворил очите и прашал за своите ќерки. Бил однесен во болница, каде што останал на лекување. Лекарите известиле дека сега е во стабилна состојба.

Лекарите ги нарекуваат ваквите случаи „феноменот на Лазар“, именуван по библиската приказна во која Исус воскреснува човек. Терминот го опишува неочекуваното враќање на кардиоваскуларната функција по неуспешни обиди за реанимација.

ИЗДВОЕНИ