Лавров за тоа што „се готви“ во Истанбул: Никој не очекува лесен процес!

37
EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN MINISTRY PRESS SERVICE

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека ситуацијата околу украинско-руските разговори во Истанбул е „интригантна“, нагласувајќи дека никој не очекува лесен процес и повторно ја критикуваше улогата на Западот и властите во Киев во ескалацијата на конфликтот.

„Секако, сите сега зборуваат за Украина во врска со интригата што моментално се „готви“ во Истанбул“, рече Лавров на состанокот на Дипломатскиот клуб во Москва, пренесе РИА Новости.

Тој додаде дека разговорите ќе бидат тешки и потсети на застојот во преговорите од 2022 година, за што ја обвини Велика Британија.

Лавров остро реагираше на барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски лично да присуствува на разговорите, нарекувајќи го Зеленски „патетична личност“ и велејќи дека е „манипулиран“ од надворешни актери. Тој ги повтори претходните ставови дека Киев води политика што не ги претставува сите делови од Украина, особено оние со рускојазично население.

Пред разговорите во Истанбул, Лавров ги повика западните земји да ги „присилат“ украинските власти да го почитуваат сопствениот устав, меѓународното право и Повелбата на ОН.

Тој ги идентификуваше Британците како клучни актери кои, како што вели, го водат Зеленски низ „џунглата на светската политика“ и го спречуваат смирувањето на ситуацијата, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ