Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека е подготвен да се сретне со американскиот државен секретар Марко Рубио, но нагласи дека секој мировен процес за Украина мора да ги земе предвид интересите на Русија.
– Државниот секретар Марко Рубио и јас разбираме дека редовната комуникација е неопходна. Таа е важна за дискусија на украинското прашање и за унапредување на билатералната агенда. Затоа комуницираме телефонски и подготвени сме за средба лице в лице кога ќе има потреба, изјави Лавров во интервју за агенцијата „РИА Новости“.
Од Кремљ демантираа дека Лавров ја изгубил довербата на претседателот Владимир Путин, откако минатиот месец беа замрзнати напорите за организирање самит меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп. Според „Ројтерс“, Вашингтон го откажал планираниот самит поради ставот на Москва дека нема да отстапи од своите барања во врска со Украина.












