Лавров разговараше за руско-американските односи со членовите на Американската стопанска комора

71

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, се сретна со раководството и членовите на Американската стопанска комора во Русија.

На состанокот беа разгледани перспективите за руско-американските односи, објави прес-службата на руското Министерство за надворешни работи, пренесува Комерсант.

Развојот на односите беше дискутиран во светлината на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на конфликтот во Украина, се вели во соопштението.

За време на состанокот, страните ја нагласија улогата што деловните кругови можат да ја играат во обновувањето на трговските и инвестициските врски меѓу двете земји.

Европа го користи украинскиот конфликт за да кова заговор против САД
Претставниците на европските земји го користат украинскиот конфликт за да се наметнат и да ги саботираат напорите на САД, како и на сите поддржувачи на праведно решение, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Европа ја користи украинската криза за да се наметне, да стави иглички во тркалата и да кова заговор против САД и сите оние кои сакаат праведно решение“, рече Лавров.

Тој предупреди дека идеологијата на нацизмот се оживува во земјите од ЕУ.

„Најтажното и најопасното во врска со ова е што во Европа, меѓу овие елити, првенствено во Брисел, но и во главните градови како Берлин, Лондон, Париз, а да не ги спомнуваме балтичките земји, теоријата и практиката на нацизмот се оживуваат“, нагласи рускиот министер за надворешни работи, пренесува ТАСС.

ИЗДВОЕНИ