Лавров: Подобро седиштето на ОН да биде во Сочи отколку во Њујорк, Сталин го предложи тоа!

145

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека е подобро да се смести седиштето на ОН во рускиот град Сочи, како што тоа го замислил советскиот лидер Јосиф Сталин.

„Подобро е да се преместат ОН во Сочи. Патем, Сталин го предложи и тоа беше сериозен предлог. Но, тогаш му направи услуга на американскиот претседател Франклин Рузвелт: прво беше Лонг Ајленд, потоа Њујорк, Менхетен“, рече Лавров на „Форумот за иднината 2050“ во Москва.

Лавров призна дека тоа е нереално бидејќи Обединетите нации „пуштија корен“ во Њујорк, пренесува Срна.

Преместувањето на персоналот на ОН, кои имаат свој живот во Њујорк, би предизвикал вид на „голема миграција“ за која Лавров рече дека е незамислива.

ИЗДВОЕНИ