Лавров: Неправедно е да се прашува кога Русија ќе ја запре војната во Украина

38
„Но тие прашуваат. Кога ќе ја запрете војната? Кога ќе се согласите на прекин на огнот? Тоа е неправедно. Праведно би било да им кажете на Украинците, пред се, да ги вратат јазичните права, сите права на своите национални малцинства, бидејќи тоа е запишано во нивниот устав“, рече Лавров во интервју за Јутуб каналот „Ултраханг“.
Како што наведе, изјави за потреба за прекин на огнот во Украина, наместо искажаниот став на претседателот на САД Доналд Трамп за долгорочно решение, покажуваат дека Европа се обидува „да ја извитка раката на Вашингтон“.
„Клучот за разбирање како ефикасно да се реши ситуацијата во Украина мора да биде решавањето на коренските причини на кризата, а не обид за враќање на територите или спасување на образот на политичарите кои во моментот седат во Киев“, наведе министерот за надворешни работи на Русија.
На прашањето дали руските услови за преговори за Украина сега содржат флексибилност, на пример, по прашањето на територииите – посебно, по прашањето за земјите на Донбас, кои и понатаму се под контрола на украинските вооружени сили, како и за Херсон и Запорожје, Лавров рече дека тоа се разгледува во различни формати.
„Рускиот претседател Владимир Путин редовно го отвораше ова прашање во своите одговори на новинарски прашања, како и во текот на состанокот со претседателот на САД Доналд Трампм, унгарскиот премиер Виктор Орбан, словачкиот премиер Роберт Фицо со сите други кои се заинтересирани подобро да го разберат ставот на Русија. Тие секогаш имаат можност да дојдат и да разговараат за прашања што ги интересираат“, рече Лавров.
Тој потсети и дека постои иницијатива да се одржи состанок меѓу лидерите на Русија и САД – Владимир Путин и Доналд Трамп.
„Претседателот на САД Доналд Трамп во Белата куќа рече дека повикот се повлекува. Подоцна Американците рекоа ‘тоа откажување’ значи ‘одложување’. Значи, се зависи од иницијаторот’, рече Лавров.

ИЗДВОЕНИ