Лавров најавува мировни преговори на делегациите за в понеделник во Истанбул, Турција се нуди да биде домаќин на средба Трамп-Путин-Зеленски

30

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, официјално соопшти дека руската делегација е подготвена на втора рунда мировни преговори со Украина, што би се одржале в понеделник, на 2 јуни во Истанбул. Кремљ веќе го подготви документот наречен Меморандум за мировен договор, а руската делегација ќе биде подготвена да ѝ го презентира на Украина на тој состанок, додаде Лавров.

Вчера министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан,   кој е во посета на Киев, предложи Турција да организира средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот  Володомир Зеленски.

-Разгледуваме можност разговорите во Истанбул да завршат со лична средба помеѓу Трамп, Путин и Зеленски, чиј домаќин ќе биде претседателот Ердоган, рече Фидан.

Фидан кажа дека средбата меѓу претставниците на Русија и Украина која се случи на 16. мај во Истанбул, означува почеток на нова фаза во дијалогот.

Во Истанбул двете страни постигнаа договор за размена на 1.000 воени заробеници кој се реализираше и завши на 25 мај.

ИЗДВОЕНИ