Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денес во телефонски разговор со американскиот државен секретар Марко Рубио објави дека Москва ќе започне со напади врз „центрите за донесување одлуки“ во Киев.
Лавров ги повика САД да „обезбедат евакуација на својот дипломатски персонал“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, според „Киев Индепендент“.
Телефонскиот повик дојде откако руското Министерство за надворешни работи претходно денес објави планови за нова рунда масовни напади со долг дострел врз Киев, кои Москва ги нарече одмазда за украинскиот напад во окупираниот регион Луганск. Лавров во разговорот предупреди на „систематски и конзистентни напади“ и привлече внимание на препораката дипломатските мисии да евакуираат персонал од Киев.
Ова е првиот контакт меѓу двајцата претставници од 5 мај, кога наводно разговарале за мировните напори со посредство на САД. Сè уште не е познато кој го иницирал повикот, а руското министерство соопшти дека била разговарана и за ситуацијата во Ормутскиот теснец и Куба.












