Лавров: Москва инвестира помалку во одбраната, а НАТО би можел да се распадне

465

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров им изјави на новинарите по состанокот на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДБК) дека прекумерното зголемување на трошоците за одбрана од страна на НАТО на крајот ќе ѝ наштети на организацијата и ќе доведе до нејзин конечен колапс.

Тој повика на поголема доза на прагматизам во пристапот кон оваа тема.

Лавров, коментирајќи ја изјавата на полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, кој тврдеше дека военото засилување на Русија ќе доведе до нејзин пад, рече дека е јасно оти катастрофалното зголемување на трошоците за одбрана на НАТО води кон колапс на Алијансата.

Русија, како што неодамна изјави претседателот Владимир Путин во Минск по состанокот на Врховниот Евроазиски економски совет, планира да ги намали воените трошоци и да се води од здрав разум, а не од имагинарни закани како што прават земјите-членки на НАТО, вклучувајќи го и Сикорски“, нагласи Лавров, пренесува ТАСС.14

ИЗДВОЕНИ