четврток, февруари 26, 2026
Дома СВЕТ Лавина затрупа скијачи на австриските Алпи

Лавина затрупа скијачи на австриските Алпи

79

Неколку скијачи и сноубордери беа затрупани од лавина на глечерот Штубај во австриските Алпи утрово.

Досега се спасени девет лица, а тројца повредени скијачи се однесени во болница со хеликоптер.

Не е познато колку луѓе се уште затрупани под снегот, објави австриската новинска агенција АПА.

Службите за итни случаи организираа операција за пребарување и спасување во која учествуваа околу 250 лица, кучиња за спасување и хеликоптери.

Лавината започна на превојот Даунсхарте, опасна област надвор од заштитените скијачки патеки, објавува Срна.

ИЗДВОЕНИ