Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари

23

Под врвот Тошч во Јулиските Алпи во Словенија, околу 10 часот наутро се случи лавина, која, според првичните информации, однесе тројца хрватски планинари. Спасувачката акција е во тек, а активирани се и полицијата и планинските спасувачи, пренесе хрватски „Индекс“.

Според првичните информации, се бараат тројца хрватски државјани кои ја напуштиле групата во Водниковата куќа во Вело Поље.

Информацијата за 24ur.com ја потврди Полициската управа Крањ.

Три екипи на словенечката ГСС трагаат по исчезнатите Хрвати.

ИЗДВОЕНИ