
Веќе нема никаква дилема дека каталонскиот гигант Барселона ќе се обиде да ангжира елитен напаѓач за време на летниот преоден рок. Актуелниот шампион на Шпанија е во потрага по играч кој може да биде наследник на полскиот интернационалец Роберт Левандовски, а најново име во списокот со потенцијални засилувања е тоа на капитенот на италијанскиот калчолигаш Интер, Лаутаро Мартинез.











