
Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, најверојатно ќе го пропушти реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Барселона. Напаѓачот беше принудно заменет на полувремето од првиот натпревар, кој заврши 3:3.
По опсежните прегледи утрово, беше откриено дека Аргентинецот има „издолжување на флексорните мускули на левиот бут. Неговата состојба ќе се следи од ден на ден“. Ова е официјалната информација од клубот во врска со повредата на Лаутаро.
Според „Скај Италија“, закрепнувањето од таква повреда трае околу една недела.
Ова значи дека е малку веројатно дека ќе се опорави за реваншот со Барселона. Најдоброто сценарио за „нероазурите“ е тој да биде на клупата за натпреварот во вторник.