Нобеловата награда за литература за 2025 година му е доделена на Ласло Краснахоркаи, унгарскиот романописец и сценарист, познат по својата густа, апокалиптична проза и филозофска длабочина.
„Честопати нарекуван „писател на апокалипсата“, делото на Краснахоркаи го доловува човештвото на работ – на колапс, трансценденција и откровение.
Од Сатанатанго до „Меланхолијата на отпорот“ и „Враќањето дома“ на баронот Венкхајм, неговата фикција се одвива во долги, хипнотички реченици кои го имитираат самиот хаос, спирално движејќи се низ очај, вера и апсурд. Неговите светови се распаѓаат, но во урнатините, тој наоѓа убавина и издржливост“, стои во образложението на Шведската акадмија.
Францускиот поет Сули Прудом бил прв лауреат на Нобеловата награда за литертура во 1901 година, додека Швеѓанката Селма Лагерлеф станала првата жена што ја добила наградата во 1909 година. Франција е водечка земја со најмногу лауреати (16), додека само 18 жени ја добиле наградата во 124-годишната историја на ова престижно признание.
Некои великани – Лав Толстој, Вирџинија Вулф, Џејмс Џојс – никогаш не биле наградени, додека други, како Жан-Пол Сартр и Борис Пастернак, одбиле или биле принудени да ја одбијат наградата.