Ријалити ѕвездата и поранешна сопруга на НБА-кошаркарот Скоти Пипен, Ларса Пипен, не губи време и набргу по раскинувањето со синот на Мајкл Џордан, Маркус, си најде ново момче. Таа ја објави својата врска со 31-годишниот кошаркар Џеф Коби преку серија фотографии на својот инстаграм-профил.
За 50-годишната сексапилна жена, ова е уште една врска со многу помладо момче, бидејќи пред Маркус, таа имаше бурна романса и со Малик Бизли, кој дури и ја напушти бремената сопруга поради неа.