Искусниот плејмејкер Шејн Ларкин одлучи да се пензионира од турската репрезентација по поразот во финалето на Евробаскетот. Кошаркарот на Ефес, кој седум години играше за турската репрезентација, ја потврди својата одлука на социјалните мрежи.

  • Пред седум години пристигнав во турската репрезентација без никакви очекувања. Во тоа време, тоа беше само уште едно место каде што можев да продолжам да ја играм играта што ја сакам. А сега, седум години подоцна, навистина чувствувам дека ова место е мој втор дом. Начинот на кој ме прифативте и ме поддржавте ми значи повеќе отколку што би можел да го опишам со зборови. Иако на крајот не ја постигнавме крајната цел – златен медал, љубовта и поддршката што ги чувствувавме низ целата земја беа поголема награда од самиот медал, порача Ларкин.

Тој нагласи дека му било чест да го носи дресот на Турција.

  • До моите соиграчи, персоналот, менаџментот, тренерите и сите што одиграа улога во ова патување, ви благодарам. Беше чест и привилегија да го носам дресот на репрезентацијата и да играм со турското знаме на градите. Секогаш и засекогаш ќе бидам еден од вас. Ве сакам од сè срце, додаде Ларкин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shane Larkin (@shanelarkin)

Инаку, Турција се врати од Рига со сребро, откако претрпе болен пораз во финалето од Германија (88:83).

 

ИЗДВОЕНИ