
Барселона веќе некое време го „мери пулсот“ на еден од најбараните напаѓачи во светот. Првиот човек на каталонскиот гигант, Жоан Лапорта, го смета тоа за добар политички потег, но прашањето е колку е реален.
Норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд е во центарот на шпекулациите за трансфер, а актуелниот шампион на Шпанија верува дека може да го ангажира во иднина.
Според извори блиски до клубот, претседателот Жоан Лапорта го гледа Халанд како многу повеќе од само спортско засилување.
Доаѓањето на норвешкиот напаѓач би можело да послужи како голема политичка карта пред претседателските избори кое ќе се одржат оваа година. Идејата е јасна, да се изврши притисок врз навивачите и потенцијалните гласачи со ветување за голема ѕвезда и враќање на Барселона кај европските гиганти.
Сепак, реалноста е многу покомплицирана. Халанд има договор со Манчестер Сити до 2034 година, а англискиот клуб не планира лесно да се откаже од својот клучен играч. Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, неодамна нагласи дека напаѓачот не е „толку наивен за да се откаже од проект во кој е неопходен“, што испраќа јасна порака за реалноста на трансферот.
И додека Барселона се надева, Лапорта разгледува други опции. Се споменуваат имиња како Хулијан Алварез, но дури ни тие не носат моментален „политички бонус“ како што би донел Халанд.
Сепак, каталонскиот претседател цврсто верува дека самата помисла за доведување на норвешкиот ас би можела да влијае на исходот од изборите и да покаже дека клубот има големи планови.
Навивачите сакаат големо име како Халанд, сигурно тоа би била најдобрата можна опција на позицијата 9-ка, кога Роберт Левандовски ќе замине, но финансиите би можеле да бидат голем проблем.
Лапорта знаеше да ветува големи имиња и претходно, но понекогаш се покажува дека тоа е само обид да се создаде еуфорија меѓу навивачите и некако да се „купат“, но за да гласаат за него, ќе мора да понуди некое реално засилување.
Барселона освојува трофеи под водство на Лапорт, и тоа е најважното нешто засега. Лапорта, првпат избран за претседател на Барселона во 2003 година, а потоа повторно избран во 2021 година и остави неизбришлив белег врз каталонските гиганти. Неговиот мандат е обележан со големи спортски успеси, враќање на ѕвездите и амбиција што се чувствуваше на секој натпревар.
Под водство на Лапорта, Барселона минатата сезона ја освои тројната круна, неодамна го одбрани и Суперкупот, а оваа сезона повторно се стреми да ги освои сите трофеи.











