
Рекорден број од 129 убиени новинари и медиумски работници низ целиот свет е регистриран во 2025 година, соопшти Комитетот за заштита на новинарите (ЦПЈ). Израел е обвинет за две третини од смртните случаи.
Ова е втор последователен годишен рекорд за смртни случаи на новинари, а 2025 година се смета за најсмртоносна откако ЦПЈ почна да собира податоци пред повеќе од три децении.
– Новинари се убиваат во рекорден број во време кога пристапот до информации е поважен од кога било. Сите сме во опасност кога се убиваат новинари затоа што известуваат за вести, рече извршната директорка Џоди Гинсбург.
Повеќе од три четвртини од убиствата во 2025 година се случиле во конфликтни услови. Повеќе од 60 проценти од 86-те новинари убиени од израелски оган во 2025 година беа Палестинци кои известуваа за настани во Газа, се вели во извештајот на ЦПЈ. Во Украина и Судан, исто така, бројот на убиени новинари се зголеми во 2025 година во споредба со претходната.
ЦПЈ забележа зголемување на бројот на убиени новинари од беспилотни летала.











