Лани создаден комунален отпад од 790.866 тони, 438 килограми на жител

21

Вкупното количество создаден комунален отпад во државава, во 2024 година, изнесувало 790.866 тони. Годишното количество создаден комунален отпад по жител во 2024 година изнесувало 438 килограми, што е за  12,9 проценти помалку од истото количество во 2023 година. 

Според Државниот завод за статистика (ДЗС), вкупното количество собран комунален отпад во државава, во 2024 година, изнесувало 637.471 тон и споредено со 2023 година, забележало зголемување од 2,5 проценти. Зголемувањето, како што објави ДЗС, се должи на зголемениот број населени места вклучени во системот за колективно собирање отпад, а најголемо количество собран комунален отпад, 99,8 проценти, се исфрла на депонија. 

– Најголемо количество собран комунален отпад е забележано во Скопскиот Регион – 180.729 тони или 28,4 проценти од вкупното собрано количество. Од вкупното количество собран комунален отпад, 535.606 тони или 84 проценти се собрани од домаќинствата, а другите 16 проценти од правни и од физички лица (комерцијален отпад). Според видовите отпад, најголемо количество собран отпад е измешаниот комунален отпад – 546 .866 тони или 85,8 проценти, а најмало количество има од отпадот од гума – 1.136 тони или 0,2 проценти од вкупното количество собран комунален отпад – соопштија од Државниот завод за статистика.  

ИЗДВОЕНИ