Минатата година беше елиминирана во квалификациите, а оваа година се пласираше во финалето на грен слем турнирот Вимблдон. Приказната на Аманда Анисимова „од ритам до луксуз“ не е права линија, особено што Американката помина некое време на „пауза“ од тенисот, за што многумина ја критикуваа. Денес, 12-тата тенисерка во светот, која ужива во сезоната на кариера, им откри на медиумите што беше клучно за големата, шеста победа против Арина Сабаленка во полуфиналето на турнирот.
„Ова беше исклучително тежок натпревар, вистински ролеркостер од резултати. Се мачев да го задржам сервисот во вториот сет. Тоа само се гледа кога ќе пропуштите клучен поен или ќе изгубите гем, разликите се толку мали, особено кога играте против тенисерката број еден во светот. Тешко е да се игра против неа, знаев дека ќе морам да дадам се од себе со што е можно помалку грешки. Тешко е да се игра совршен тенис во тие околности, бидејќи тоа е единствениот начин навистина да се победи, но чувствувам дека навистина се боревме напорно денес. Условите не беа лесни“, рече Американката.
На коментарот на Сабаленка дека Анисимова денес била похрабра, победничката одговара:
„Играв многу добро во првиот сет, беше исклучително важно секој пат да се држи сервисот. Потоа имаше период во кој двајцата бевме малку несигурни, направивме многу грешки од двете страни – каде што сигурно имаше нервоза и за двете поради евентуален прв влез во финалето. Во третиот сет знаев дека морам да „изгинам“ за да ја спречам да го подигне нивото на својата игра и дека нема да можам да победам само благодарение на нејзините грешки. Затоа бев агресивна, што донесе резултати“, истакнува Аманда.
Со сè што постигна оваа сезона, Анисимова им ја затвори устата на оне кои ја критикуваа заради паузата од тенисот…
„Мислам дека овие одлуки имаат различно значење за секоја индивидуа, а она што го направив потврдува дека е можно да се успее. Мојата цел отсекогаш била да освојам грен слем титула и сум среќна што покажав дека е можно да се вратиме на врвот – ако се ставите себеси како приоритет. Тоа е посебна победа за мене“, заклучи противничката на Ига Швионтек во големото финале, кое што ќе се одигра утре.