Ланг трврди дека не видел топка со очи 28 дена

20
epa12543142 Napoli’s forward Noa Lang celebrates after scoring the 3-0 goal during the Italian Serie A soccer match SSC Napoli vs Atalanta BC at Diego Armando Maradona Stadium in Naples, Italy, 22 November 2025. EPA/CIRO FUSCO

Роналд Куман откри интересна анегдота што му ја раскажа Ноа Ланг за тренерот на Наполи, Антонио Конте, за кој многу италијански медиуми велат дека е во конфликт со неколку фудбалери на актуелниот шампион. Според „Ил Матино“, сè поголем број играчи на Наполи се незадоволни од методите на тренинг на Конте и недостатокот на комуникација.

Се вели дека тренерот дури и не им дава на играчите распореди за неделни тренинзи во кампот „Кастел Волтурно“. Иако претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис, неодамна повторно ја изрази својата доверба во Конте, италијанските медиуми продолжуваат да известуваат за тензиите меѓу тренерот и соблекувалната.

Еден од незадоволните играчи е Ноа Ланг, кој дојде во Наполи од ПСВ за 25 милиони евра плус бонуси. По тешкиот пораз на Наполи од 6:2 од неговиот поранешен тим ПСВ во октомври, Ланг рече дека „разговарал со Конте само еднаш откако пристигнал во клубот“ и додаде: „Секој играч сака да игра. Не знам што друго можам да направам. Подобро е да не кажам ништо“.

Селекторот на Холандија, Роналд Куман, сега откри уште еден интересен факт за односот на Ланг со италијанскиот тренер. Зборувајќи на прес-конференција пред квалификацискиот натпревар на Холандија за Светското првенство против Полска, трофејниот стручњак рече: „Разговарав со Ноа во септември и го прашав како е во Италија, а тој рече: „28 дена сме во тренинг камп и сè уште не сум видел ниту една топка.“

 

ИЗДВОЕНИ