Новиот светски шампион во Формула 1, Ландо Норис, ја прослави својата титула со стил, а британските медиуми дознаа колку пари биле потрошени за прославата. Откако го освои шампионатот на патеката Јас Марина во неделата, 26-годишниот Ландо се препушти на забава со семејството и пријателите што траеше до 6 часот наутро следниот ден.

Според британскиот „Сан“, тимот на Ландо морал брзо да организира преселба откако нивната оригинална забава во барот „Перлс енд Кавијар“ во хотелот Шангри-Ла била нагло прекината.

  • Семејството и пријателите на Ландо ја започнале забавата во „Шангри-Ла“ околу 21 часот, но Ландо не се појавил до 1 часот наутро бидејќи имал многу интервјуа. Само 45 минути подоцна се вклучиле светилките и персоналот рекол дека затвораат, изјавил извор за „Сан“.

Тимот на Ландо обезбедил автомобили и ги однел сите до новата дестинација за забава. Забавата продолжила. Според извори за британскиот таблоид, таа траела во друг хотел до 6 часот наутро следниот ден.

  • Тоа е ноќ што никој од нив никогаш нема да ја заборави, особено не оној што на крајот ја плати сметката. Беше околу 100.000 фунти (околу 115.000 евра) до крајот на забавата, открива извор за „Сан“.

Инаку, малкумина знаат дека Ландо Норис потекнува од богато семејство. Негов татко е Адам Норис, успешен бизнисмен и милионер, кој изградил империја со компанијата за пензиски фондови „Харгривс Ленсдаун“ и чие богатство се проценува на 300 милиони евра. Капиталот на неговиот татко бил од голема помош на патот на Ландо до врвот на Формула 1.

Ландо Норис го освои шампионатот во Формула 1 во неделата, откако заврши трет на трката за Големата награда на Абу Даби. Возачот на Мекларен ја обезбеди титулата со само два бода предност пред својот ривал, Макс Верстапен.

 

ИЗДВОЕНИ