Возачот на Мекларен, Ландо Норис, изјави дека постигнал совршен резултат со победата на Големата награда на Унгарија во Формула 1.

– Мртов сум. Мртов сум. Беше тешко. Не планиравме едно застанување во боксот, но по првиот круг тоа беше некако единствената опција да се вратиме во игра за победата. Во последниот круг, Оскар ме стигна и возев со сета сила, без двоумење. Затоа ова е поголема награда. Постигнав совршен резултат, истакна  Норис.

Норис победи на Хунгароринг и го оствари својот петти триумф во сезоната. Победата дојде по голема битка во последниот круг со тимскиот колега Оскар Пјастри, по доброто возење и стратегијата со едно влегување во боксот.

 

ИЗДВОЕНИ