Старо-новата поп-песна премиерно беше изведена на сцената на штипскиот фестивал во далечната 2005 година, а се наоѓа и на неговиот албум „Море од солзи“, кога Алабаковски се натпреваруваше и на македонскиот избор за Песна на ЕвровизијаПо подолга пауза на забавно-музичката сцена (не сметајќи ги неговите настапи со обработени стари македонски, главно, патриотски песни), пејачот Ламбе Алабаковски, родум од Љубојна, со постојана скопска адреса на живеење, деновиве има старо-нова поп-песна.
Песната „Ех, да можам“ стигнува во предверчерието на 40. јубилејно издание на забавно-музичкиот фестивал „Макфест 2025“, кој од 23 до 25 октомври ќе се случува во Штип. Премиерно беше изведена на „Макфест“ во далечната 2005 година. Музика и аранжманот се на Дарко Димитров, текстот на неговата колешка Елена Ристеска, додека придружните вокали се на: Александра Пилева, Елена Ристеска, Дарко Димитров и Нина Јанева.
Песната се наоѓа на неговиот албум „Море од солзи“, со кој тој вистински ја раздвижи поп-сцената. Заедно и со останатите песни (сосе насловната, од македонскиот избор за Песна на Евровизија), а од истиот албум: „Засекогаш твој“, „Од љубов умирам“, „Сè е по старо“, „На некои други светови“… Едноставно кажано, Ламбе ја освои домашната публика, стекна многу обожаватели, но потоа прекина со музичката кариера, се ожени, доби два сина и замина да живее и да работи во Америка, во која остана сè до пред некоја година.Откако се врати оттаму, започна да настапува со стари македонски народни песни, стана редовен учесник во патриотско-музичкиот проект „Македонијо, во срце те носиме“ (највпечатливо пеејќи ја „Оган да го гори“, песна која ја обожава од дете). Во меѓувреме, неговото палење на бугарскиот културен клуб во Битола, предизвика бурни реакции дома и во странство. За него, сите сложно велат дека е голем македонски син, голем македонски патриот со целото срце и со целата душа. Така ги воспитува и своите синови, искрено да си ја сакаат татковината.
Инаку, од пред некоја вечер, популарниот Ламбе на сцената се врати и со солистички концерт. Одржа незаборавен вечерен настап во преполната сала во „Јавна соба“ во Скопје. Сите во еден глас ги пееја неговите препознатливи песни, македонски поп-хитови. Вклучително и оваа старо-новата „Ех, да можам“. А, Ламбе со сигурност потврди дека и сака и може да направи еден ваков одличен концерт. Доказ дека народот не само што го сака него, туку го сака и неговиот пристап кон обожавателите, е атмосферата што ја создаде и која остави одличен впечаток. Нешто за што долго време ќе се прераскажува низ естрадно-новинарските муабети. (Д. М.)