„Лакост“ го менува логото во чест на Ѓоковиќ – по речиси 100 години ново живото ќе го замени заштитниoт „крокодил“/ФОТО/ВИДЕО

827
epa12222485 Novak Djokovic of Serbia in action during the Men's Singles Fourth Round match against Alex de Minaur of Australia at the Wimbledon Championships, Wimbledon, Britain, 07 July 2025. EPA/NEIL HALL EDITORIAL USE ONLY EDITORIAL USE ONLY
Компанијата „Лакост“ одлучи привремено да го промени препознатливото лого кое постои од 1933 година, откако постои и произведувачот. Логото на јарец или коза (гоут) ќе се најде на специјалната колеција облека за претстојниот „Ју-Ес опен во чест на Новак Ѓоковиќ – “Greatest of All Time” (GOAT).
Новата колекција е во чест на Новак Ѓоковиќ, кој во текот на кариерата освои 24 грен слем титули и на врвот на АТП листата се задржа повеќе од 400 недели.

Новак е единствениот играч во историјата кој ги има освоено сите девет турнири во Мастерс 1.000 серијата (Златен Мастерс) пишува РТС. 

Компанијата „Лакост“ со оваа измена сакаше да ја покаже својата поддршка и да му го признае на Ѓоковиќ статусот на најдобар тенисер на сите времиња.

Наместо крокодилот, поставено е логото на коза (јаре), што е директна референца на акронимот  “GOAT”, кој на англиски јазик значи „најдобриот на сите времиња“, но и звучи исто како англискиот збор коза или јарец.

Ова е дел од ограничена колекција на облека дизајнирана по повод настапот на Новак Ѓоковиќ на претстојниот „Ју-Ес-опен“.

 

ИЗДВОЕНИ