Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека опцијата за соборување на борбени авиони што влегуваат во воздушниот простор на НАТО е „на маса“.
Лајен ова го изјави ова откако Русија беше обвинета за постојано влегување во воздушниот простор на членките на НАТО овој месец, вклучувајќи ги Полска, Романија и Естонија.
„Моето мислење е дека мора да го браниме секој квадратен сантиметар од територијата. Тоа значи дека ако има упад во воздушниот простор и по предупредување, откако бевме многу јасни, секако опцијата за соборување на авион што го нарушува нашиот воздушен простор е на маса“, изјави фон дер Лајен за CNN, пренесува Политико.
Претседателката на Европската комисија го повтори она што го кажа американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на Генералното собрание на ОН во вторникот, кога на прашањето дали мисли дека земјите на НАТО треба да соборуваат руски авиони во нивниот воздушен простор одговори потврдно.