Лајен: Нападот врз Киев покажува дека Москва нема да запре пред ништо

353

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека е „огорчена“ од нападот на Русија врз Киев, во кој беше погодена и зградата на дипломатската мисија на ЕУ, и дека тоа покажува дека Москва „нема да запре пред ништо за да ја тероризира Украина“.

Европската комисија ќе го покани рускиот претставник во ЕУ на разговор поради нападот.

„Ова беше најсмртоносниот напад со беспилотни летала и ракети врз главниот град (на Украина) од јули. Тоа беше и напад врз нашата Делегација“, рече фон дер Лајен во видео порака објавена на веб-страницата на Европската комисија.

Таа додаде дека нападот се случил рано утрово во непосредна близина на претставништвото на ЕУ, на 50 метри од канцеларијата, но дека никој од вработените во европската делегација не е повреден.

„Тоа покажува дека Кремљ нема да запре пред ништо за да ја тероризира Украина, неселективно убивајќи цивили, мажи, жени и деца, па дури и таргетирајќи ја ЕУ“, рече фон дер Лајен.

Во рускиот напад врз Киев загинаа најмалку 15 лица, меѓу кои и четири деца, според податоците на градските власти.

ИЗДВОЕНИ