
Најновиот предлог на Европската комисија (ЕК) за користење на замрзнатите руски државни средства за финансирање на Украина е „најблиску до усогласување со меѓународното право“ досега, изјави денес претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.
„Верувам дека шемата е најблиску до она што е во согласност со принципите на меѓународното право“, рече Лагард, додавајќи дека е „клучно“ предлогот на Комисијата „да не ја лиши Русија од сопственост на средствата“.
Лагард, како што објави Еурактив, оцени дека шемата треба да ги увери инвеститорите кои се плашат дека таканаречениот „кредит за репарација“ може да претставува конфискација.
„Инвеститорите во средства деноминирани во евра ќе го ценат тоа што ЕУ не се стреми да заплени државни средства само затоа што ни одговара“, нагласи Лагард.











