Градоначалникот на Макринеја во грчката покраина Етолија-Карнанија, Костас Александрис (51), беше убиен во заседа кога кон него беа испукани три куршуми додека поминувал со својот автомобил, по што ја изгубил контролата врз возилото и паднал во клисура.
Според денешните извештаи на порталот Прототема, досегашната истрага и собраните сведоштва укажуваат дека мотивите за злосторството се лични и, според неофицијални информации, се поврзани со жена.
Осомничениот, кој се предал на полицијата кратко по злосторството, ја чекал жртвата во заседа и пукал во него три пати додека поминувал со својот автомобил.











