Ладна средба во Истанбул меѓу Русите и Украинците, без ракување!

487
EPA-EFE/TURKISH FOREIGN MINISTER PRESS OFFICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во четвртокот дека нема напредок кон мир без средба меѓу него и рускиот лидер Владимир Путин, кој не сакаше да дојде во Истанбул.

Турскиот министер за надворешни работи најави разговори меѓу Русија и Украина – прва директна средба меѓу двете земји во последните три години. Хакан Фидан рече дека е клучно да се постигне прекин на огнот што е можно поскоро. Потоа, разговорите продолжија зад затворени врати. Снимател на БиБиСи, кој бил во просторијата кога почнале разговорите, вели дека немало ракување меѓу двете страни.

 

Како што јавува дописниката на Гардијан, во просторијата каде се одржува средбата имало ред руски делегати во темни одела, а спроти нив Украинци во зелени маскирни борбени униформи.

„Денес има два пата: Едниот води кон мир, а другиот ќе предизвика повеќе уништувања и загуби на животи. Двете страни ќе изберат по кој пат ќе тргнат“, им рече турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан на преговарачките тимови.

„Домаќините на средбата им ја покажуваат на двете страни нашата силна волја да се стави крај на војната“, рече тој. „Имаме шанса да ја завршиме војната… за да продолжиме напред на патот на мирот, мора да ја искористиме оваа можност. Секој ден се губат повеќе животи“, рече Фидан.

Состанокот во Истанбул треба да „подготви средба меѓу лидерите“, додаде тој, алудирајќи на одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да не присуствува на разговорите.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека ќе биде подготвен да се сретне со Путин, верувајќи дека само средбата со рускиот претседател навистина може да обезбеди крај на борбите. И покрај ова, главниот помошник на Зеленски, Андриј Јермак, напиша на Телеграм дека Украина сака да обезбеди „безусловно примирје“ за време на денешните разговори.

ИЗДВОЕНИ