Ладен туш за Путин од шефицата на разузнавачката служба на САД: „Не можат ни Украина да ја окупираат, а камоли Европа“

1657
EPA/SERGEI ILNITSKY

Директорката на Националното разузнавање, Тулси Габард, денес изјави дека американската разузнавачка заедница не проценува дека Русија има способност да ја освои Европа, па дури ни Украина.

Тулси Габард ги даде коментарите во објава на социјалната мрежа X, одговарајќи на извештаите дека американската разузнавачка заедница ги поддржува ставовите на ЕУ и НАТО дека Русија има за цел да ја нападне или освои Европа.

Шефот на американската разузнавачка служба: Русија не може ниту да ја окупира Украина
Таа ги обвини, како што ги нарече, „поттикнувачите на длабоката држава и нивните пропагандни канали“ дека се обидуваат да ги поткопаат напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да донесе мир во Украина и Европа со ширење лажни наративи.

„Поттикнувачите на длабоката држава и нивните пропагандни канали повторно се обидуваат да ги поткопаат напорите на претседателот Трамп да донесе мир во Украина, а всушност и во Европа, со лажно тврдење дека „американската разузнавачка заедница“ се согласува и го поддржува ставот на ЕУ/НАТО дека целта на Русија е да ја нападне/освои Европа (за да добие поддршка за своите провоени политики)“, рече Габард.

Таа нагласи дека ваквите тврдења се дизајнирани да генерираат јавна поддршка за провоените политики и да го ескалираат конфликтот.

„Вистина е дека американските разузнавачки агенции проценуваат дека Русија дури нема капацитет да ја освои и окупира Украина, а камоли да ја нападне и окупира Европа“, додаде таа.

ИЗДВОЕНИ