Ладен туш за Киев по разговорот Трамп-Путин, ништо од испораката на „Томахавк“ за Украина?

285
EPA/Jeramy Spivey/ US NAVY 703-614-9154 EDITORIAL USE ONLY

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но се повеќе се јасни знаците дека тој сè уште не е подготвен да се согласи на продажба на ракетниот систем со долг дострел „Томахавк“, кој Украина очајно го бара, пишува „Вашингтон пост“.

Зеленски се среќава со Трамп еден ден откако американскиот претседател имаше двочасовен телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина.

Во последните денови, Трамп покажа подготвеност да ѝ продаде на Украина крстосувачки ракети со долг дострел „Томахавк“, иако Путин предупреди дека таков потег дополнително ќе ги влоши односите меѓу Вашингтон и Москва.

Сепак, по вчерашниот разговор со Путин, Трамп ја намали можноста Украина наскоро да го добие оружјето, кое има дострел од околу 1.600 километри. „И на Соединетите Американски Држави им требаат „Томахавки“, рече Трамп. „Имаме многу од нив, но и нам ни требаат. Не можеме да ја исцрпиме сопствената земја“.

Тој исто така рече дека му споменал на Путин можноста Украина да добие томахавки. „Го прашав: „Дали би ви пречело ако им дадам неколку илјади томахавки на вашите противници?““, им рече Трамп на новинарите. Додаде дека Путин „не бил задоволен што ја слушнал таа идеја“.

Со месеци, Зеленски бара оружје што ќе им овозможи на украинските сили да напаѓаат длабоко на руска територија и да погодат клучни воени, енергетски и инфраструктурни цели. Украинскиот претседател тврди дека ваквите напади ќе го принудат Путин посериозно да ги сфати повиците на Трамп за директни преговори за завршување на војната.

Но, Путин, според неговиот советник за надворешна политика Јуриј Ушаков, го предупредил Трамп за време на разговорот дека снабдувањето на Киев со томахавки „не само што нема да ја промени ситуацијата на бојното поле, туку ќе предизвика сериозна штета на односите меѓу нашите земји“.

Денешната средба ќе биде четврта средба меѓу Трамп и Зеленски откако републиканскиот претседател се врати во Белата куќа во јануари, а втора за помалку од еден месец.

ИЗДВОЕНИ