Ладен бран во Европа, на Балканот и во Македонија: Драстичен пад на температурите, а на планините снег

115

Ладниот бран кој со денови се нјајавуваше од моја страна, но и од страна на метеоролозите во регионот, но и од Европските метеоролози, од северозапад, преку алпскиот регион, пристигна и на Балканот, условувајќи нагло заладување на времето, силно невреме на многу места, поројни поплави и бурен ветер кој направи многу штети, а невремето во Белград предизвика да бидат повредени и повеќе од 20 луѓе.

Европските алпи се покриени со снег среде јули.

Снегот пристигна и на Балканот, односно на високите планини во Словенија, па така снежна покривка се формираше на Кредарица, висока планина во Словенија.

И во Македонија ќе има драстичен пад на температурите, вели Попоски.

„Вечерва температурите драстично ќе се спуштат, за околу 15 степени во споредба од оние температури кои ги имавме до вчера, вторник, 8 јули. Најсвежо преку ден ќе биде утре, четврток, 10 јули, кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 23 до 31 степен во Повардарието, односно во најтоплите предели од нашата Македонија.

Веќе следните утрини ќе бидат и многу посвежи со температури кои на многу места ќе се спуштаат до и под 10 степени Целзиусови, а во Беровско и во останатите повисоки места и планини тие ќе се спуштаат дури и до околу 5 степени, што значи дека наутро ќе ни биде потреба и нешто потопла облека.

Инаку, во следните часови снег се очекува и на високите планини од централен Балкан, односно особено на високите планини во Босна и Херцеговина, додаде Поповски.

ИЗДВОЕНИ