Лабудовиќ: Герасимовски бега од соочување и одговорност

43

„Ние имаме скандалозна ситуација – кандидат за советник од СДСМ кој гради дивоградба на Кале. И, не застанува, туку продолжува да ја прави. А, градоначалникот Горан Герасимовски не реагира. И, затоа вечерва го нема да дојде на соочување. Затоа што тоа значи дека треба да се соочи со одговорност, за она што го правел. Поточно, за тоа што ништо не направил овие четири години. Вечерва, овде во студиото столчето на Герасимовски е празно исто како што му беше празно в Општината сите четири години. Ние нема да го прашуваме за благајникот што ги “собирал“ средствата од инвеститорите за секоја издадена дозвола за градба, ниту за бизнисите со градење на Зоран Заев и Зоран Дамјановски Циц. Но, сакаме да се соочиме пред граѓаните и да ги споредиме нашите програми“,беше дециден кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на Движењето ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ, на соочувањето во емисијата „Само Вистина“ на телевизија „Канал 5“.

ИЗДВОЕНИ