Кандидатот на ЗНАМ за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ вели дека безбедноста на граѓаните е основа за квалитетен живот и токму затоа предвидува пакет од системски решенија.
Центар мора да биде најбезбедната општина во Скопје! За жал, сликата денес е поинаква – темни и небезбедни улици, сообраќаен хаос и чувство на несигурност кое секојдневно го чувствуваат граѓаните, вели кандидатот за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ.
Тој нагласи дека безбедноста на граѓаните е основа за квалитетен живот и дека токму затоа во својата програма предвидува пакет од системски решенија.Едно од нив е формирање на редарска служба – локален тим кој секојдневно ќе се грижи за јавниот ред, заштитата на јавниот имот и за превенција на недозволени активности.
Ќе има засилена координација со полицијата – со почести патроли, особено во вечерните часови на фреквентни локации, плоштади, маала и простори каде што најчесто се движат младите и семејствата.
Ќе се воведе современ систем за пријавување проблеми – контакт-центар и мобилна апликација кои ќе овозможат граѓаните за неколку секунди да пријават проблем или инцидент, а институциите веднаш да реагираат.