Кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, остварија средба со граѓаните на Центар, на која во фокус беа проблемите кои ја засегаат општината – урбанистичкиот хаос, загадувањето, недостигот на паркинг и потребата од повеќе зелени површини и подобра инфраструктура.
Центар не смее да остане заглавен во апатија и хаос. Време е да ја прекинеме праксата на импровизации.
Мојата визија е јасна – чист и зелен Центар, со современа инфраструктура, со правилен урбанизам и транспарентна локална власт што ќе биде сервис на граѓаните, а не на малкумина привилегирани.
Ќе ја вратиме општината во рацете на жителите и ќе изградиме средина во која младите ќе сакаат да останат и да создаваат своја иднина. – истакна Лабудовиќ.
Лабудовиќ посочи дека Центар заслужува раководство што работи како вистински сервис на граѓаните – со подобра комунална инфраструктура, решенија за сообраќајниот метеж, нови простори за спорт и рекреација и културен развој кој ќе ја врати душата на општината.
За да се постигнат вистински промени, потребно е обединето дејствување. Во тој контекст, соработката меѓу Движењето ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ е клучна, како гаранција за стабилност, системски решенија и долгорочни резултати за Центар.
Само заедно можеме да го изградиме Центар кој ќе му припаѓа на народот. Секоја средба со граѓаните е потврда дека силата е во заедништвото, во искрените разговори и конкретните решенија. Ви благодарам за довербата, таа е најголемата мотивација да донесеме вистински промени, додаде Лабудовиќ.
Центарци изразија целосна поддршка за Лабудовиќ, нагласувајќи дека е време за нова енергија, визија и чесно водење – Центар да стане општина со која сите ќе се гордееме.