Кошаркарите на Доминиканската Република приредија сензација во квалификациите за Светското првенство откако на гости, во Калифорнија, ги совладаа САД со 87:79. Особено е интересно што на Доминиканската Република ѝ недостигаа дури шестмина кошаркари: Карл-Ентони Таунс, Андрес Фелиз, Жан Монтеро, Крис Дуарте, Лестер Кињонес и Дејвид Џонс-Гарсија.

Клучна беше третата четвртина во која Доминиканската Република успеа да избега на максимални +19. Најдобар на теренот беше Хасел Перез со 20 поени и 10 скока, Андерсон Мехија имаше 14 поени, додека кај поразените прво име беше Брендон Најт со 20 поени.

Ова е втора победа на Доминиканската Република на три натпревари, по една победа и еден пораз од Мексико. Американците ја победија Никарагва двапати пред да загубат од Доминиканската Република.

ИЗДВОЕНИ