Одбојкарките Јанта Волеј го загубија првиот натпревар од 3.коло од квалификациите од Лигата на шампионите. Тие во мечот одигран во Скопје загубија од францускиот тим Валеро Ле Кане со 15:25; 10:25; 25:20 и 9:25.
Разликата во квалитет беше евидентна и француската екипа успеа да ги добие двата сета за водство од 2-0. Сепак македонскиот шампион успеа да освои еден сет откако го добија третиот со 25:20 и со тоа намали на 1-2. Сепак противникот ги консолидираше своите редови и го доби сетот со 25:9 за конечни 3-1 во сетови.
Реваншот се игра на 13 ноември во Франција.











