Капитенот на македонската ракометна репрезентација Филип Кузмановски го одигра најдобриот натпревар досега за Македонија на Европските првенства и го заврши со петнаесет погодоци. По натпреварот, тој скромно го прокоментира ремито и го најави завршното коло.

Некако тешко е да се говори, но по Данска верувавме во себе, знаевме дкеа имаме квалитет да играме со Португалија. Добро ги анализиравме, напорно работевме и фокусот беше на Португалија и Романија. Со Данска мечот беше за уживање.

Денес денот беше посебен, сите сакаа, покажаа срце, имаа крв во очите. Игравме со срце, душа и глава за Македонија, сега одиме понатаму, ако го повториме овој меч со Романците, верувам дека може да победиме. Мора да влеземе во тој дуел со ладни глави. Сега е тешко да се прават математики, не знам каква е табелата, но наше е да одиграме исто 60 минути машки меч и се надеваме на победа“, изјави Кузмановски.

 

ИЗДВОЕНИ