Даночната управа на Ужице од денес привремено ќе ја забрани работата на ресторанот „Висконти“ на Емир Кустурица во Дрвенград, поради утврдени неправилности во неговото работење, се наведува во одлуката на институцијата.
Познатиот српски режисер Кустурица, ја коментираше оваа одлука со зборовите: „Наградата Александар Вучиќ и Синиша Мали за најдобро село во светот, барем според стандардите на УНЕСКО“.
Имено, Кустурица коментираше и за пишувањето на „Новости“, кое објави статија под наслов: „АУ, КАКВА БРУКА! Кустурица е фатен како не плаќа даноци, а за тоа му се виновни Вучиќ и Мали“.
„По написот во „Новости“, каде што моето име се поврзува со скандалот со кршење на даночните правила и поврзаното затворање на ресторанот „Висконти“, морам да изразам длабока благодарност до властите на Александар Вучиќ што ме вклучија меѓу граѓаните кои се одговорни пред законот. „Бидејќи сме сведоци дека законите не се спроведуваат многу често, ред е мој да бидам на оваа среќна страна“, наведе Кустурица, како што објави порталот Искра.
Во напис на „Новости“ се наведува дека режисерот се нашол во центарот на скандал откако даночните инспектори од Ужице го затвориле неговиот ресторан „Висконти“ во Мокра Гора поради неправилности во работењето.
Даночната управа издаде привремена забрана за вршење дејност „земајќи ги предвид фактите наведени во Записникот од даночната контрола за евидентирање на прометот преку електронски фискален апарат и работното ангажирање на вработените“.
Инаку, Емир Кустурица ги поддржуваше студентските протести и ги поддржа протестите против ископување на литиум во Србија.