Секојдневен шопинг во продавница за половна облека во Њујорк предизвика бура од емоции кај корисниците на TikTok, додека креаторката на содржини Никол Рандон беше во главната улога. Таа објави видео од „винтиџ“ здолниште од тексас од Холистер, кое ја освои со својот дизајн и крој. Сепак, немаше поим какво изненадување ја чека.

Имено, кога Никол ја стави раката во џеб, пронашла билет за кино, датиран на 18 јули 2004 година, за прикажувањето на филмот „Приказна за Пепелашка“.

Веднаш објавила видео од своето откритие, кое брзо стана вирално и „собра“ повеќе од два милиони прегледи на TikTok, објавува Newsweek.

Често ја посетувам таа продавница, а здолништето веднаш ме привлече. Доминира препознатливиот стил на Холистер од почетокот на 2000-тите, низок струк, светли бои и супер носталгичен изглед“, објасни таа.

Таа го виде стариот билет како „мало богатство“ и реши да го зачува, односно да го врами. Ќе добие почесно место покрај ДВД-изданието на споменатиот филм.

Веќе бев воодушевена од здолништето, но кога го најдов билетот, почувствував посебна врска. Тоа е мојот најомилен филм“, додаде таа.

Не недостасуваа реакции на TikTok. Бројни гледачи, особено љубителите на стилот и културата од 2000-тите, беа воодушевени.

Драго ми е што гледам колку луѓе го делат истото возбудување и изненадување како мене. Мислам дека тоа е затоа што ги сакаме носталгичните моменти што нè потсетуваат на посебен период и медиумите што нè обликуваа“, заклучи Никол.

ИЗДВОЕНИ