Кунг-фу класици: Кинезите со вештачка интелигенција ќе ги „оживеат“ филмовите на Брус Ли

29
YouTube screenshot/Boxoffice Movie Scenes

Кинеската филмска индустрија е подготвена да ја оживее златната ера на кунг-фу филмовите со користење на моќта на вештачката интелигенција за да направи римејкови на филмови од Брус Ли, Џет Ли и Џеки Чен.

На неодамна одржаниот Меѓународен филмски фестивал во Шангај, група водечки кинески студија претставија проект наречен „Филмско наследство на кунг-фу – вештачка ревитализација на 100 класици“, кој ќе донесе модерни римејкови на незаборавни достигнувања.

Меѓу насловите што ќе бидат обновени се ремек-дела како што се „Тупаница на бес“ од 1972 година, во која брилијантниот Брус Ли остави неизбришлив белег, потоа иконскиот „Пијаниот мајстор“ од 1978 година, во кој Џеки Чен го редефинираше жанрот, како и „Беше еднаш во Кина“ од 1991 година, филмот што го направи Џет Ли познат и го промени кунг-фу киното засекогаш.

Брус Ли, чија кариера беше прерано прекината од трагична смрт на само 32-годишна возраст, остави зад себе огромно филмско наследство. Неговиот филм „Тупаници на бес“ беше огромен комерцијален успех, заработувајќи импресивни 100 милиони долари, што беше речиси незамисливо во тоа време.

Џанг Пимин, претставник на Кинеската филмска фондација, нагласува дека вештачката интелигенција ќе им овозможи на овие филмски бисери да добијат ново руво што ќе ги задоволи вкусовите и барањата на современите гледачи.

„Ова не е само зачувување на филмското наследство, туку и храбра иновација и истражување на нови хоризонти во уметноста на филмот“, вели Пимин.

Овој амбициозен проект претставува мост помеѓу минатото и иднината, давајќи можност легендарните кунг-фу класици да блеснат во ново светло и повторно да ги освојат срцата на публиката ширум светот.

ИЗДВОЕНИ